Џејмс Харден ја имаше улогата на центар во Хјустон на почетокот на мечот против Лос Анџелес лејкерс, во една од најчудните ситуации сезонава во НБА-лигата.
Брадата скокаше за гостите против Џавал Мек Ги на почетното потфрлање на топката што означува почеток на мечот, а иако е бек, тој глумеше центар против многу повисокиот ривал од спротивната страна.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1225625627450998784?s=20
Очекувано, Мек Ги го доби дуелот, а Хјустон и покрај тоа што игра без класична петка, го доби мечот со 121:111. Ракетите пред некој ден го разменија Клинт Капела во најмасовната трампа во историјата на НБА-лигата, во која беа вклучени дури 12 кошаркари од четири состави, па останаа без класичен центар.
Принудно како стартер на таа позиција кај Хјустон игра Пи-Џеј Такер, кој е висок само 198 сантиметри, што е податок за историја во НБА-лигата.