Неодамнешниот фудбалер на Спарта Москва, Квинси Промес, моментално е во Дубаи, каде што треба да го финализира договорот со тимот на Дубаи јунајтед, кој се натпреварува во втората лига. Договорот на Промес е на една година, но неизвесно е дали ќе успее целосно да го одработи.
Промес е принуден да не смее да ги напушти Обединетите Арапски Емирати затоа што против него се водат кривични постапки во Холандија. Фудбалерот беше уапсен на 29 февруари во Дубаи, и тоа додека беше на тренинг-камп со тимот на Спартак Москва. Промес доби забрана за напуштање на земјата и барање за екстрадиција од страна на холандските власти.
Фудбалерот има статус на бегалец во Холандија, и тоа поради неколку тешки дела. Во 2023 година беше осуден на 18 месеци затвор поради напад врз свој роднина, кого во тепачка го ранил и му нанел сериозни повреди.
Затворска казна, и тоа од шест години, за Промес има и поради криумчарење дрога. Во 2020 година преку пристаништето во Антверпен, Промес и неколку други луѓе сакале да прошверцуваат неколку стотици квалитетна дрога која пристигнала од Јужна Америка.
Холандија и Обединетите Арапски Емирати имаат склучено договор за споразумна естрадиција, а според законот, фудбалерот таа одлука може да ја чека на слобода.