Во текот на неделава, во Хрватска ќе се разгледува можноста веќе од следниот викенд да има публика на трибините за време на фудбалските натпревари. Следното коло треба да почне на 11-ти јуни и ќе трае три дена, па треба да се одлучи дали уште од четврток да се дозволи присуство на публика или само за викендот. Ако нема услови за такво нешто, тогаш ќе се почека уште една недела пред да се дозволи навивачите да бидат на трибините.
Во Хрватска епидемиолошката слика деновиве е добра и затоа се охрабрија да размислат за пуштање на публика во лимитиран број и со држење дистанца.
Првиот човек на хрватскиот завод за јавно здравје во телевизиско интервју потврди дека наскоро публиката се враќа на трибините. Ова е добра вест и за љубителите на тенисот бидејќи во Задар на 20-ти и 21-ви јуни ќе се игра хуманитарниот турнир на кој ќе настапи и Новак Ѓоковиќ.