Ромелу Лукаку е под договор со Челзи, а минатата сезона ја мина како позајмен во Интер со кого стигна до финалето на Лигата на шампионите. “Нероазурите“ од Милано сакаат да го задржат и да го откупат неговиот договор, а Челзи за него тражи 40 милиони евра.
Интер понудил 35 милиони евра и плус дополнителни 5 милиони евра во бонуси, што е прифатливо за Челзи, но сега Лукаку не одговара на повиците од Милано. Причина за тоа е што тој тајно преговарал со Јувентус и според шпекулациите, веќе ги договорил личните услови.
Сепак, доколку Јувентус сака да го ангажира репрезентативецот на Белгија, ќе мора најпрво да го продаде Душан Влаховиќ за кого има интерес од ПСЖ, но “старата дама“ бара 70 милиони евра за неговите услуги.
Јувентус веќе има испратено и официјална понуда до Челзи која изнесува 37.5 милиони евра плус 2.5 милиони евра во дополнителни бонуси и смета дека сега е во пол-позиција за неговиот ангажман.
Ромелу Лукаку минатата сезона за Интер одигра 37 натпревари на кои постигна 14 голови и запиша седум асистенции.