Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изрази „срдечна благодарност“ до иранските власти откако на илјадници жени им беше дозволено да гледаат натпревар во локалната лига. На мечот помеѓу Сепахан и Персеполис (2:1) од иранската Про-лига на трибините имаше само жени во публика – нешто што досега беше невидено во земјата.
Одлуката доаѓа по повиците за време на Светското првенство во 2022 година Иран да биде исфрлен од турнирот поради лошиот однос кон жените и забраната за учество во фудбалски натпревари. Џани Инфантино се обврза и во последните години е во директен контакт со властите во Иран барајќи од нив да се променат.
Изборот на овој натпревар не е случаен. На последниот натпревар помеѓу Сепахан и Персеполис, навивачите на Сепахан упатија навредливи коментари кон приврзаниците на противничкиот тим.
Ова ја принуди Иранската фудбалска федерација да ги казни двата клуба и да нареди следните два натпревари да се играат пред целосно женска публика. Според информациите на ФИФА, на натпреварот присуствувале вкупно 45 илјади жени и девојки.