1.8 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Во ист тим само за 13 минути на теренот заиграа тројца голмани (Видео)

Африканскиот куп на нациите кој се игра во Мароко секогаш нуди интересни и несекојдневни ситуации. Така беше и синоќа, на дуелот меѓу Нигерија и Уганда. Нигерија славеше со 3:1, а единствениот погодок за Уганда го постигна вардаровиот напаѓач Роџерс Мато и тој погодок може да го видите ТУКА.

Освен головите, мечот го одбележа и необичниот факт дека за Уганда на овој меч бранеа дури тројца голмани. На почетокот од второто полувреме се повреди првиот голман на Уганда Денис Онјанго, па во игра на негово место влезе Салим Магула.

Сепак, Магула едвај 11 минути помина на теренот затоа што беше исклучен во 56-тата минута. Тогаш селекторот на Уганда мораше да направи нова принудна замена и во игра да го внесе и третиот голман Алионзи, кој заигра од 58-мата минтуа.

До 58-мата минута Нигерија водеше само со 1:0, но потоа брзо ја искористи бројчаната предност на теренот и постигна голови во 62-рата и во 67-мата минута за 3:0. До крајот на мечот Уганда го даде почесниот погодок.

- Оглас -

Најнови вести