Галатасарај минумално со 1:0 славеше над Ливерпул во првиот меч од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони. Турскиот гигант кој во претходната фаза го елиминираше Јувентус, сега уште еднаш покажа дека знае да им парира и да биде подобар од најголемите клубови во светот.
Галатасарај одлично започна и по само седум минути игра стигна до водство од 1:0. Домаќините изведоа корнер, највисок во скокот беше Осимен кој ја префрли топката на другата статива, а таму најснаодлив беше Лемина кој погоди со глава за голема радост на фановите на турскиот гигант. Овој погодок на Галатасарај може да го видите ТУКА.

Во продолжение на мечот, двата тима продолжија со отворена фајтерска игра. Ливерпул имаше неколку добри шанси да израмни на 1:1, а Галатасарај пропушти можности да ја зголеми предноста. На крајот се покажа дека погодокот во седмата минута беше доволен за победа на Галатасарај, па турскиот шампион со предност ќе патува на реваншот на „Енфилд роуд“.
Ова беше втор меч сезонава меѓу Галатасарај и Ливерпул во Истанбул, а интересно е дека и во септември кога играа во групната фаза, турскиот првак победи со 1:0, исто како што беше резултатот и вечерва.

