Во историјата на македонската кошарката немало ваков коефициент за Работнички да го победи МЗТ Скопје Аеродром

Вечното кошаркарско дерби во Македонија, дуелот на најтрофејните Работнички и МЗТ Скопје Аеродром се игра попладнево од 17 часот во СРЦ „Кале“. Како никогаш досега, Работнички е во улога на аутсајдер на овој дуел, иако е домаќин.

Според понудата во Sport Life, воопшто нема квота за победа на МЗТ Скопје Аеродром, додека триумф на Работнички ќе се смета за вистинско чудо затоа што коефициентот е дури 13,5.

Ако сакате да одиграте на победа на актуелниот шампион МЗТ, тогаш за двојка со хендикеп од 18,5 поени, коефициентот е 1,79. Низ повеќе од 30-годишното ривалство на овие два клуба немало ситуација Работнички да биде во толку подредена ситуација.

- Оглас -

Најнови вести