Во историјата не се памети толку голем фаворит за победник на Евровизија

Претставниците на Украина ќе пеат вечерва во првото полуфинале на Евровизија во Торино. Според коефициентите во Sport Life, нема дилеми дека Украина лесно ќе влезе во финалето (коефициентот за тоа е 1.01).

Покрај Украина, речиси сигурни патници во финалето од вечерашниот полуфинален настап се и Албанија, Холандија, Португалија и Грција, а за останатите пет слободни места ќе се борат останатите учесници.

Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе настапи на 12 мај, но има мали шанси дека ќе се пласира во финалето.

Во финалето ќе има вкупно 25 земји, а според коефициентите, речиси и да нема дилеми дека Украина ќе победи. Како речиси никогаш досега на евровизискиот фестивал, украинската песна е со фаворитска улога дека ќе победи на 14 мај.

Според коефициентите во Sport Life, за триумф на Украина коефициентот е 1.25, а сите останати учесници се далеку зад нив. Велика Британија, Италија и Шведска се со едноцифрени коефициенти за победа, а сите останати земји се без речиси никакви шанси за триумф, барем според квотите кои се нудат.

- Оглас -

Најнови вести