Ако верувате дека Македонија може да победи на Евровизија, коефициентот е огромен

Вечерва во Торино започнува традиционалното годишно издание на Евровизија, односно изборот за најдобра песна. Ќе има две полуфинални вечери (вечерва и в четврток), а потоа е и финалето (14 мај) кога ќе се дознае најдобрата песна за оваа година.

Традиционално Македонија е дел од ова натпреварување, а традиционално и Sport Life го прави поинтересно ова натпреварување со понудата за обложување. Според коефициентите понудени за победник, Украина е апсолутен фаворит. Како некакви ривали за Украина се споменуваат Обединетото Кралство (7 коефициент за победа), Италија (7) и Шведска со коефициент 8 за победа. Сите останати земји имаат далеку поголеми коефициенти за триумф.

Македонија оваа година ќе биде претсавувана од Андреа Коевска која ќе ја изведе песната „Circles“. Македонија е далеку од фаворитите за победа на Евровизија и е во долниот дел со коефициент 300, кој им се дава на уште 10 други земји за победа.

Според рапсоредот, Андреа ќе пее во втората полуфинална вечер, односно в четврток, кога ќе се престават вкупно 18 земји, додека вечерва ќе има 17 песни од изведувачи од 17 различни држави.

Освен за тоа кој ќе победи на Евровизија, може да се обложите и за тоа дали Македонија може да биде најдобропласирана од балканските земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести