15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Во Италија, сите дадоа по еден гол и освоија по еден бод

Фудбалерите на Џенова и Пиза одиграа нерешено 1-1 во дербито на долниот дел од табелата во Серија А, во рамките на 18. коло.

Со овој резултат, гостите останаа претпоследни со 12 поени, додека Џенова се наоѓа прва над зоната за испаѓање со три бода повеќе од денешниот ривал.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Џенова поведе во 15-тата минута со погодок на Лоренцо Коломбо, кој ја воодушеви домашната публика, додека изедначувачкиот гол за Пиза го постигна Мехди Лерис во 38-та минута.

Сличен исход имаше и на дуелот Сасуоло – Парма, кој заврши 1-1. Сасуоло поведе во 12-тата минута преку Кристијан Торстед, а изедначи Матео Пелегрино, исто така во првиот дел.

Сасуоло со 23 бода се наоѓа на деветтото место на табелата, додека Парма е 14-та со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести