Дамјан Н. и Слободанчо П. се двајцата добитници на вредносни ваучери од Sport Life како најдобри прогнозери меѓу оние речиси 2.000 кои типуваа во 30-тото коло на Спортска прогноза.
Двајцата имаа по 11 погодоци од основната понуда, па заслужено на своите СЛ картички си добија ваучери од по 500 денари.
Дамјан се „лизнал“ на француските Стразбур – Ница и Монако – Лил. Во Стразбур чекал реми, а мечот заврши 2-0, додека во Монте Карло му требаше победа на домашните, но на средбата не падна гол и финишираше 0-0.
Слободанчо исто така точно погодил 11 исходи, а утките му се за Селта – Валенсија и Тулуз – Нант. Во Виго му требаше нерешено, а гостите победија со гол во финишот, додека за мечот во Тулуз типувал кец, а заврши без победник 0-0.
Паровите за новото коло ќе ги објавиме утре, во стандардниот термин од 14 часот, а тогаш ќе почне и типувањето за 31-вата рунда.
Во генералниот пласман, води Богољуб Ј со 211 поени пред Кирил П. со 210. Третата позиција ја држи Зоран Т. со 2-3. На крајот на сезоната подароци ќе има за петтемина најуспешни во генералниот пласман.