Во лигите во екс-Југославија, тренерите се менуваат многу почесто од светскиот просек

Трпението на челниците на фудбалските прволигаши од земјите на поранешна Југославија, а во оваа група спаѓа и Македонија, кон тренерите не е баш за пофалба.

Според пресметките на фудбалската опсерваторија CIES, каде што се анализираа 90 лиги од светот, најдолго на клупата се задржуваат тренерите во Северна Ирска (во просек 1.536 дена), додека најлошо е да бидеш тренер во Саудиска Арабија (просечно се задржуваат само 156 дена).

Исланд и Летонија се единствените земји во кои нема тренери кои се пократко од шест месеци во клубот во којшто работат.

Македонија е под светскиот просек. Кај нас просекот е 334 дена, што е помалку од една година. Само 8,3 отсто од тренерите го водат својот тим подолго од две години, а 58 проценти работат помалку од шест месеци во клубот каде што се актуелни шефови на стручниот штаб. Податоците се од 1 март.

Но, првата македонска фудбалска лига на оваа листа иако е во долната половина, сепак стои полошо само од Словенија, каде што тренерите во просек се задржуваат по 370 дена во еден клуб. Во останатите лиги од екс-ју републиките, тренери се менуваат почесто отколку кај нас.

 

- Оглас -

Најнови вести