Палермо е нов второлигаш во Италија по двете победи од по 1:0 против Падова во финалето на плејофот во Серија Ц.
Вечерва во луда атмосфера на „Ренцо Барбера“ пред повеќе од 36 илјади гледачи се прослави камбекот во Серија Б на некогашниот италијански прволигаш, за кого до неодамна играа нашите репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.
https://twitter.com/CalcioEngland/status/1536063694559494144?s=20&t=fKkiAHa_0-PIyoUl2Kxnaw
Со голот од пенал што го постигна Матео Брунори во 25-тата минута клубот од Сицилија го потврди пласманот во Серија Б, по идентичната победа од 1:0 на гости во првиот дуел од финалето.
Од идната сезона по 45-ти пат ќе бидат второлигаши, по големите проблеми во последните неколку сезони и преселбата во Серија Д, или четвртата лига во 2019 година.
Палермо е фудбалскиот симбол на Сицилија и шести најстар клуб во Италија, формиран во 1900 година.