Во Мадрид ќе се тресат мрежите на двата тима, Арсенал најавува ново шоу од голови

6011 Арсенал – ПСВ (21 ч.)

Арсенал немаше милост на првиот меч во Ајндховен и победи со неверојатни 7:1, што значи дека ова ќе биде само формално играње на 90 минути за да се прогласат Топчиите како патници во четвртфиналето.

Бидејќи нема некое резултатско значење, може да се очекува нов отворен дуел со многу шанси и голови

Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.09)

 

6010 Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (21 ч.)

Анталогисти се дуелите на градските ривали, но веќе како по традиција кога се работи за нокаут-фаза во Лигата на шампионите, Реал Мадрид секогаш бил подобар. Кралскиот клуб и сега има предност од 2:1, но на страната на Атлетико е домашниот терен и пеколната атмосфера која се создава на „Ванда Метрополитано“.

Традицијата вели дека на последните 10 дуели на овие два ривали секогаш и Реал и Атлетико постигнувале гол, односно било ГГ ситуација.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

  

6001 Лил – Борусија Дортмунд (18:45 ч.)

Овие два тима имаат одиграно три меча во ЛШ и сите три завршиле нерешено и со не повеќе од два гола. Пред една недела во Дортмунд, Лил иако на гости, сепак имаше теренска доминација и повеќе шанси да стигне до победата.

Денеска францускиот тим ќе ја има и предност на домашниот терен, а ако се знае дека Борусија игра очајно во последните два месеца, Лил сигурно има свои шанси да се најде во четвртфиналето.

Предлог тип: 0-2 (1.89)

 

6009 Астон вила – Бриж (21 ч.)

Астон вила има голема предност од 3:1 стекната на гостински терен и чудо би било ако тимот од Бирмингам не оди во четвртфиналето. Бриж направи големо изненадување кога ја елиминира Аталанта во претходната фаза, и тоа со победа во Бергамо со 3:1, што значи дека белгискиот тим знае да биде опасен.

Предлог тип: 1Х&3+ (2.13)

 

3130 Радник – Партизан (16 ч.)

Второлигашот Радник доби шанса на својот терен во Сурдулица да игра со српскиот гигант Партизан во осминафиналето на Купот. Радник минатата сезона испадна од елитното друштво, а сега сака повторно да се врати во Суперлигата.

На последните пет гостувања во Сурдулица, Партизан секогаш победува, и тоа во меч на којшто има од 2-3 гола (двапати било 0:2 и трипати било 1:2).

Предлог тип: 2&2-3 (3.20)

 

- Оглас -

Најнови вести