17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Во Мадрид се отвораат трибините до 40 отсто од капацитетот

Претстојниот АТП Мастерс турнир во Мадрид ќе биде со присуство на публика. На шест дена до почетокот на турнирот, организаторот одлучи да бидат отворени трибините, и тоа со капиацитет од 40 отсто. Турнирот во Мадрид ќе се игра од 27 април до 9 мај, а е претпоследен на земја пред почетокот на гренслем-турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос.

„Ќе се игра со 40 отсто капацитет на трибините, што значи дека најмногу на еден меч на трибините ќе може да има до 4.800 гледачи. Ова е значително помал капацитет од тој со којшто располагаме, но едноставно мора да се гарантира безбедноста на навивачите и да се запази протоколот. Ние ќе бидеме прв спортски настан во Шпанија на кој ќе има публика и мора да бидеме одговорни“, стои во соопштението на организаторот на АТП Мастерсот во Мадрид.

Овој турнир минатата година не се одигра поради пандемијата со корона-вирусот, а последен освојувач е Новак Ѓоковиќ, кој во финалето во 2019 година го победи Стефанос Циципас.

- Оглас -

Најнови вести