Во Манчестер не се простуваат порази од Ливерпул, Тен Хаг в недела за последен пат ќе ги води Ѓаволите?

Има еден неверојатен податок кој најавува дека ако се повтори историјата, Ерик тен Хаг од понеделник може да ја напушти менаџерската функција во Манчестер јунајтед.

Тен Хаг беше прогласен за најдобар тренер-менаџер во Премиер лигата за ноември, но тимот испадна од европските купови, а и во првенството каде што конкуренцијата е силна, им оди прилично лошо и ќе имаат проблем да се пласираат во Лигата на шампионите или Лигата на Европа.

Јунајтед има два порази во последните три кола, а в недела гостува кај лидерот на табелата Ливерпул, кој е најлут ривал на Манчестер. Црвените ѓаволи од 2016 не победиле на „Енфилд“, лани на овој стадион беа прегазени со 0-7, па црно им се пишува.

Поразите од Ливерпул особено ако се в недела, значат и заминување на менаџерите. Таква судбина имаа Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер, кои мораа да го напуштат клубот во понеделници, еден ден по порази од Ливерпул. Ралф Рангник по пораз од Црвените, остана уште еден месец до крајот на сезонава, но денот по поразот рече дека си оди од Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести