19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Во Манчестер сити нема место за стрелецот кој даде шест гола на еден меч, ќе го позајмат

Одличниот напаѓач на Ривер плејт, Аргентинецот Хулијан Алварес, потпиша за Манчестер сити, но нема да го носи дресот на Граѓаните во следната сезона.

Англискиот првак одлучил да го позајми 22-годишниот Алварес и тоа најверојатно во Олимпик Марсеј. За Алварес нема да има место во нападот на Сити, бидејќи го купија Ерлинг Халанд, и јасно е дека Норвежанецот ќе биде стартер.

Алварес неодамна го воодушеви светот кога постигна дури 6 гола на натпревар од Копа Либертадорес, кој е Лига на шампиони во Јужна Америка. Сепак, прво ќе се кали во француската лига, а потоа можеби ќе добие шанса и во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести