6771 Барселона – Јувентус (21:30ч)
Мегадуелот ќе биде засенет од отсуството на Лионел Меси, а поради него мечот ќе се прекине во 10-тата минута по најавата дека присутните гледачи на „Камп ноу“ со аплауз ќе испратат поздрав до нивниот најдобар играч во историјата, кој по две децении нема да го носи дресот на Каталонците. Таму ќе се појави и Кристијано Роналдо, на кого сигурно нема да му биде сеедно што нема да игра против својот најголем ривал во кариерата.
Што се однесува до самиот меч, двата гиганти посакуваат со победа да ги завршат подготовките, а од нивните минати дуели може да се предвидат барем три гола. Барса и Јуве во последните пет меѓусебни средби само еднаш ремизираа без голови, додека во три од нив просекот е три погодоци, со тоа што Каталонците имаат подобар биланс од 3-1 во победи.
Предлог тип: 1+I & 2+II (2.05)
1709 Мец – Лил (17ч)
Од екипите кои треба да конкурираат за титулата во Франција, само првиот претендент ПСЖ триумфираше во воведното коло. Од актуелниот шампион се очекува исто така да тргне со победа, со оглед на тоа дека на Лил му оди во дуелите против Мец.
Данските доги славеа во четири од последните пет меѓусебни средби и само еднаш ремизираа без голови, а последен пат од овој противник загубија во мај 2017 година. Традицијата треба да продолжи, а Лил на сигурен начин треба да најави дека ќе даде сè од себе да ја одбрани титулата.
Предлог тип: 2 (1.81)
1710 Монпелје – Марсеј (20:45ч)
Марсеј некомплетен и без неколку клучни одбранбени играчи ќе ја почне новата сезона, што може да биде од корист за домаќините да остварат изненадување во воведното коло.
Во два од последните пет меча на овие две екипи, просекот е пет погодоци, а билансот од 2-1 во победи е во корист на Марсеј. Нерешените резултати не се толку чести, додека Марсеј последен пат гостинска победа запиша во февруари 2016 година.
Предлог тип: X2 & 2+ (1.78)
1662 Андерлехт – Сераинг (18:30ч)
Победа е единствена опција за Андерлехт бидејќи по две кола во белгиската лига освои само еден бод. Против новиот прволигаш мора да покаже зошто е еден од најуспешните белгиски гиганти, иако против Сераинг само еднаш се има сретнато во пријателски рамки во 2015 година, и за изненадување, Андерлехт го загуби мечот со 1-0.
Домаќините воедно треба да ја поправат формата бидејќи триумфираа само еднаш во последните пет меча, и тоа пред три дена против Лачи во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Предлог тип: 1-1 (2.15)
1022 Ковентри – Нотингем форест (17:30ч)
Во четири од 10 меча се делеа бодови во воведното коло на Чемпионшип лигата, што може да биде случајот и во дуелот меѓу тимот на кого му се предвидува елиминација против некогашниот двократен европски првак.
Сепак, во претходните девет меѓусебни средби на овие две екипи редовно имало победик, а последното реми се памети од декември 2008 година. Шумарите ги добија двата лански дуели со идентични 2-1, па нека се тресат мрежите во повеќе наврати и во оваа средба.
Предлог тип: 2-4 гола (1.59)