Во мое време немаше гала-церемонии, Златната топка ми ја дадоа на стадион

Легендата на Барселона, Луис Суарес, фудбалерот кој ја освои првата Златна топка како член на каталонскиот гигант, се присети на времето кога му ја доделуваа престижната награда во 1960 година. Во негово време немало гала-церемонии и големи вечери по доделувањето, а наградата ја примил на стадион, пред домашната публика, во пресрет на еден обичен лигашки натпревар.

„Златната топка ми ја дадоа пред почеток на еден натпревар. По мечот си заминав дома како ништо да не било. Немаше церемонии, ниту пак собир на вечера“, истакна Суарес.

Лионел Меси, капитенот на шпанскиот првак, вчера ја освои шестата Златна топка во кариерата, што за Барселона значи вкупно 12-та ако се сметаат сите фудбалери кои го носеле сино-црвениот дрес и ја примиле оваа награда. Луис Суарес е првиот на таа листа, останатите се: Алан Симонсен, Луис Фиго, Ривалдо, Роналдињо, Христо Стоичков, Јохан Кројф и секако Меси.

- Оглас -

Најнови вести