Во НБА договараа размени, а мислеле на различни играчи

Екипите на Мемфис гризлис, Вашингтон визардс и Феникс санс неколку дена договараа размена на неколку играчи, а на крајот договорите пропаднаа поради неверојатно недоразбирање. Едните мислеле да дадат еден играч, а другите сакале да доведат друг играч.

Феникс сакал да го даде Тревор Ариза, кој летоска дојде како големо засилување, но ги разочара „сонцата“. Договорот бил Ариза да замине во Вашингтон, а во спротивна насока да отидат Остин Риверс и Вејн Шелдон. Во целиот тој „трејд“ се вклучи и Мемфис, каде што требало да замине Кели Обре Јуниор, а „гризлите“ во Феникс да го дадат Дилон Брукс. На крајот, дел од трансферите не се остварија, и тоа поради недоразбирање.

Феникс во своите редови очекувал да дојде Дилон Брукс, а Мемфис планирале да го пратат Маршон Брукс. Откако двата тима сфатиле дека се работи за играчи со исто презиме, но се работи за различни кошаркари, размената била сопрена.

Сепак, Феникс успеа да го освари договореното со Вашингтон, па Ариза е нов играч на тимот од главниот град на САД, а во „сонцата“ останаа Остин Риверс и Обре Јуниор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести