Го изнашетаа првиот освојувач на наградата „НБА Хастл“ – За 48 часа смени три клуба

Патрик Беверли само на хартија беше член на Мемфис гризлис по трампата од Лос Анџелес клиперс, а веќе е нов играч на Минесота тимбервулфс.

Еден од најдобрите дефанзивци во најсилната лига на светот повторно беше дел од НБА-трампа и замина во Минесота тимбервулфс, а во спротивен правец во Мемфис гризлис пристигнаа Џарет Кулвер и Хуанчо Ернангомес.

Сето ова на 33-годишниот бек му се случи во краток рок од два дена, што не е невообичаено во НБА-лигата. Беверли на сличен начин ја почна и кариерата, откако на драфтот во 2009 година го одбра Лос Анџелес лејкерс и потоа само еден ден подоцна му ги префрли правата на Мајами хит.

Беверли пред два дена беше дел од трампата меѓу Клиперс и Мемфис, а со него кај Мечките заминаа и Ражон Рондо и Даниел Отуру.

Во рок од околу 48 часа Патрик беше член на три НБА-клубови. Од Лос Анџелес клиперс замина во Мемфис гризлис, а оттаму во Минесота тимбервулфс.

Беверли е запишан во историјата на НБА -игата како прв освојувач на наградата „НБА Хастл“ во 2016 година, а еднаш беше и дел од најдобрата дефанзивна петорка во најсилната кошаркарска лига на светот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести