Нов трипл-дабл за Лука Дончиќ, лошо е што се повреди, а Вестбрук одигра за историја (Видео)

Лука Дончиќ продолжи со блескави игри во НБА лигата и забележа нов трипл-дабл со 34 поени и по 10 скока и асистенции во победата на Далас маверикс против Њу Орлеанс пеликанс со 127:117.

Ова му е 55-ти трипл-дабл во најсилната кошаркарска лига, но лошо е што се повреди, па можно е и да паузира кус период.

Гостите играа без тројцата најдобри кошаркари, Зајон Вилијамсон, Брендан Инграм и Си-Џеј Мекалум, па на Далас и на Дончиќ им беше полесен патот до 23-та победа во 40-от меч сезонава.

https://twitter.com/ESPNNBA/status/1611929644227350528?s=20&t=7OxSC01mbnX9Bp_4fnecWw

Импресивен беше и 20-годишниот резервен бек-шутер Џејден Харди, кој даде 15 поени за Далас за 21 минута колку што играше.

Од клупата извонреден учинок имаше и Расел Вестбрук за Лос Анџелес лејкерс со рекордни 23 поени, 15 асистенции и пет скока.

Езерџиите го победија Сакраменто кингс со 136:134, а популарниот Рас е првиот НБА кошаркар од 1970 година што како резерва имал најмалку 23 поени, 15 асистенции и пет скока.

Леброн Џејмс беше одличен со 37 поени, 8 скока и 7 асистенции, а помогнаа и Том Брајант со 29 поени и 14 скока и Денис Шрудер со 27 поени.

Резултати: Сан Антонио – Бостон 116:121, Чикаго – Јута 126:118, Далас – Њу Орлеанс 127:117, Голден стејт – Орландо 101:115, Сакраменто – Л.А. Лејкерс 134:136.

 

- Оглас -

Најнови вести