Во НБА постигнат кошот кој можеби никој никогаш нема да го повтори (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја продолжија победничката низа откако убедлво со 131:99 ја победија Јута џез. Ентони Дејвис со 26 поени и 16 скока беше предводник на ЛА, додека Леброн Џејмс одигра само 24 минути, во кои постигна 17 поени, а имаше и седум скока и девет асистенции.

На овој меч Џејмс прослави еден јубилеј кој никогаш досега не е постигнат во историјата на НБА-лигата. Најдобриот стрелец во историјата на НБА ја надмина бројката од 39.000 поени.  Никој досега, а и тешко дека некој во скора иднина или можеби воопшто ќе успее да стигне до ваква бројка на поени во НБА-кариерата.

Јубилејниот 39.000-тити поен Џејмс ги постигна со погодена тројка во првата четвртина.

https://twitter.com/i/status/1727164469573509203

Ветеранот Џејмс ја игра 21-вата сезона во НБА-лигата и во кариерата има просек од неверојатни 26,4 поени по меч. Леброн Џејмс засега е застанат на бројката од 39.012 поени, а со овој просек на поени што го има во кариерата до крајот на оваа сезона сигурно ќе дојде и до магичната бројка од 40.000 поени.

Тоа може да не се случи само ако Џејмс заработи потешка повреда. Ако Џејмс игра на сите преостанати 67 меча до крајот на сезоната, ќе треба да има просек од 14,7 поени по меч.

- Оглас -

Најнови вести