Во НБА плејин сега и никогаш повеќе – На Портланд му треба една победа за плејоф, Мемфис мора да слави двапати

Портланд трејлблејзерс има голема предност во пресметката со Мемфис гризлис за последниот плејоф-билет во Западната конференција и може да победи само на еден меч од предвидените два за да се пласира меѓу октетот најдобри и да ја продолжи битката за титулата во НБА-лигата.

Само сега и никогаш повеќе две екипи не се нашле во ваква ситуација, а правилото е вонредно, поради пандемијата со корона-вирусот и скратената регуларна сезона во НБА-лигата.

Пред рестартот на натпреварите беше одлучено дека ако нема поголема разлика од пет победи меѓу двете екипи што ќе завршат како осма и деветтопласирана екипа, ќе се игра дополнителен плејин.

Во Источната конференција немаше таков случај, па познати се сите 8 екипи што ќе играат во пејофот, но се случи во Западната конференција.

Портланд има една победа повеќе од Мемфис на осмата позиција, недоволно директно да се пласира во доигрувањето за титулата, што би бил случај во нормални околности.

Но, Трејлблејзерс сепак ќе бидат привилегирани и им треба една победа во предвидените максимум два меча во плејин со Мемфис за да играат во плејофот.

Првиот меч се игра во сабота и ако Портланд слави, ќе му излезе на мегдан на лидерот во Западната конференција, Лос Анџелес лејкерс, во првото плејоф коло.

Победа на Мемфис во сабота ќе донесе нов меч, или мајсторка со Портланд, што е предвидена за следниот ден, за во недела, и повторно Гризлис треба да слават за да играат во плејофот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести