Исландската фудбалска федерација го ослободи селекторот Арнар Видарсон, иако само пред четири дена,победија со 7-0 против Лихтенштајн во квалификациите за ЕП 2024.
Видарсон на функцијата беше од 2020 година, имаше дуели и против Македонија, а пред да го разбијат Лихтенштајн, загубија од Босна и Херцеговина со 0-3, па веројатно тоа е главна причина за разделбата.
Под водство на Видарсон, Исланд победуваше само против слаби противници, како Лихтенштајн, Сан Марино, Венецуела и Фарски Острови.