Борислав Т. со 115.255,9 поени е нов шампион во Типстер купот во првата од осумте месечни етапи што се во тек. Октомври мина во знакот на обложувачот од Нов Дојран, кој прв мина низ целта и си доби прекрасна премија од 100.000 денари.
Првата етапа од новата сезона во Типстер купот беше возбудлива, а разликата меѓу тројцата првопласирани беше мала. Сите имаат над 100.000 поени со тикетите одиграни во октомври.
Вицешампион е Мартин. М со 110.491, 4 поени и за него Sport Life подготви награда од 50.000 денари, а третото место му припадна на Петар Г. со 104.088,6 поени и награда од 20.000 денари.
Веќе се познати и шампионите во сите локални уплатни места на Sport Life и за нив стандардно во Типстер купот се доделуваат ваучери од по 1.000 денари за освоено прво место, а ваучери ќе добијат и останатите деветмина најдобропласирани во секој објект.
Трката за шампион во ноември веќе е во тек, минува првата третина и сè уште има време да се вклучите во трката за вредни награди во Типстер купот, кој сезонава ќе има 8 етапи и во сите шампионите ќе бидат наградени со по 100.000 денари од Sport Life.
Има и многу други награди за најдобрите обложувачи на локално ниво, што е убав предизвик за вклучување во секогаш интересната трка во популарниот Типстер куп.