Нови Пазар го победи Партизан со 2-1 во меч од плејофот во српската фудбалска Суперлига, но средбата мина во знак на скандалите кои ги направија домашните навивачи.
Најпрвин кога пред мечот требаше да има едноминутен молк во чест на жртвите во училиштето „Владислав Рибнинкар“ во Белград, трагедија од која се одбележа годишнина, како и масакри во селата Дубона и Мало Орашје од пред две години, дел од навивачката група „Торцида Санџак“ почна да свири и да урла гласно.
Судијата кога го слушна ова непочитување, означи крај на молкот.
Потоа навивачите на Нови Пазар направија кореографија поради која беше прекинат мечот.
Немаше ништо навредливо, на лентите пишуваше „Никогаш нема да бидеш сам“, но се попречуваше работата на камерите кои се користат во ВАР собата.
Српските медиуми пишуваат и за скандирање од страна на навивачите на Нови Пазар кои извикувале „Ова е Турција“, а навивачите на Партизан одговарале со скандирање на името на Ратко Младиќ.