Во новогодишната ноќ три клуба се бореа за титулата во последното коло, на крајот се радуваа Секогаш подготвените (Видео)

Додека најголемиот дел од спортистите се подготвуваа за славје на новогодишната ноќ, во фудбалското првенство на Боливија планот беше сосема поинаков. Синоќа се играше последното 26-то коло од шампионатот, а дури три екипи беа во трка за титулата.

Олвејс реди (Секогаш подготвени) беше тимот кој како лидер влезе во последното коло со 48 бодови, а веднаш зад него беа Стронгест (Најсилните) со 47 бодови и тимот на Боливар со 46 бодови. Секогаш подготвените беа во пол позиција и на крајот тоа им се исплатеше.

На гостувањето кај Насионал Потоси, лидерот победи со 2:0 и на тој начин остана на челната позиција, а фудбалерите на крајот, покрај радоста за Новата година, се радуваа и на шампионскиот пехар.

Стронгест залудно победи на гостувањето кај Блуминг со 3:1 кога повторно остана еден бод зад шампионот, а на три бода се радуваше и Боливар по победата од 4:1 над Оријенте Петролеро, но славниот боливиски клуб остана на трето место на крајот од првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести