Во Оклахома громогласно го поздравија Вестбрук и го испратија поразен (Видео)

Расел Вестбрук се врати дома, во Оклахома, и имаше спектакуларен дочек од навивачите, но и беше испратен со пораз, и тоа убедлив за Хјустон рокитс од 113:92.

Олстар-бекот за првпат гостуваше во Оклахома како кошаркар на Хјустон, по трејдот во кој Крис Пол ги засили Тандер и беше поздравен со многу енергија од публиката, чиј миленик беше тој. Пред мечот имаше и специјално видео во чест на Рас, кој одигра одлично, но и со пораз се враќа во Хјустон.

Вестбрук беше прв стрелец на мечот со 34 поени, но потфрли Џејмс Харден само со 17 постигнати поени. Данило Галинари со 23 поени беше прв стрелец кај победничкот состав, а Пол, кој беше дел од трампата за Вестбрук, забележа 18 поени.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1215492904430342146?s=20

Оклахома игра одлично во овој период и ја забележа четвртата победа на последните пет меча, па сега Тандер се седми во Западната конференција со биланс од 22-16. Хјустон е на четвртото место со 25-12, колку што има и Јута џез.

Резултати: Детроит пистонс – Кливленд кавалирс 112:115 по продолжение, Филаделфија 76 – Бостон селтикс 109:98, Минесота тимбервулфс – Портланд трејлблејзерс 116:102, Оклахома сити тандер – Хјустон рокитс 113:92.

 

 

- Оглас -

Најнови вести