Она што се очекуваше се случи на мечот помеѓу Оклахома и Бостон. Шај Гилџиус-Александер постигна 35 поени во победата на Оклахома од 104-102 над Бостон и на тој начин сруши НБА рекорд стар 63 години.
Интернационалецот од Канада на тој начин дојде до ефект од 127 натпревари по ред на кои постигнал по најмалку 20 поени, со што го сруши рекордот на Вилт Чемберлен од 1963 година.
Никола Јокиќ дојде до нов монструозен трипл-дабл во победата на Денвер на гостувањето кај Сан Антонио од 131-136. Србинот уфрли 31 поен, на кои додаде 20 скока и 12 асистенции.
Меч за паметење одигра и Лука Дончиќ, на кого му беше потребна само една асистенција за троен ефект. Тој во победата на Лејкерси од 142-130 над Чикаго успеа да постигне неверојатни 51 поен.
Резултати:
Детроит – Филаделфија 131-109
Индијана – Феникс 108-123
Орландо – Вашингтон 136-131 (123-123)
Атланта – Бруклин 108-97
Мајами – Милвоки 112-105
Мемфис – Далас 112-120
Сан Антонио – Денвер 131-136
Оклахома – Бостон 104-102
ЛА Лејкерс – Чикаго 142-130

