Во елитниот француски фудбал од следната сезона може да има ново големо ривалство, и тоа помеѓу два париски клуба, Пари Сен Жермен и Париз ФК.
ПСЖ со години е доминантна сила во францускиот фудбал, а развојот на клубот го иницираше влегувањето на катарските сопственици. Сепак, во Градот на светлината се појавува потецијално достоен ривал за наредниот период. Станува збор за второлигашот Париз, чиј газда од неодамна е најбогатиот човек во Европа, Бернар Арно.
Арно се здружи со Ред Бул за да создаде голема фубалска приказна и да стави крај на доминацијата на ПСЖ во францускиот фудбал. Парис ФК моментно е на второто место во втора лига. Доколку Париз се избори за промоција во француската Лига 1, ќе имаме ривалство какво што нема на друго место, барем не е познато.
Имено, ФК Париз како домаќин во следната сезона игра на стадионот „Стад Жан Буен“, кој е познат како стадион на кој најчесто се игра рагби, а од „Паркот на принцовите“ на ПСЖ го дели само една уличка. Стадионите се изградени речиси на исто парче земја и речиси се залепени еден до друг.