Организаторите на Олимписките игри во Париз најавија дека на најголемиот спортски настап планираат да водат големо внимание за исхраната на натпреварувачите. Во Париз ќе биде промовирана здравата исхрана, па поголем дел од оброците кои ќе бидат приготвени во олимпиското село ќе се базираат на билки.
Ќе бидат подготвувани локални вегетаријански јадења кои создаваат минимален отпад. Во менито на јадењата ќе бидат и кроасани со пржени јајца, артишок и крем од овчо сирење прелиени со тартуфи и медалјони од пржено пилешко на база на соја, кои беа замислени како алтернатива на Мекнагетс.
Храната од Мекдоналдс ќе биде забранета на годинашните Игри во Париз, што не било случај во минатото. Јусејн Болт кој е најбрз спринтер на сите времиња и еден од најсупешните спортисти во историјата на олимписките игри, откри дека во текот на ЛОИ 2008 година во Париз, јадел храна од Мекдоналдс.
„Искрено, за време на моето присуство на игрите во Кина, јадев само Мекнагетс. Тоа беше единствената храна во која можев целосно да верувам дека нема да наштети на мојот желудник. Кога дојдов во олимпискиот тренинг камп пробав некое локално кинеско јадење кое воопшто не беше како оние јадења кои ги конзумираме на Западот. Моето тело не реагираше добро на кинеската храна“, напиша Болт во автобиографијата под името „Најбрзиот жив човек“.
Болт во Пекинг освои три златни медали, поставувајќи три светски рекорди и тоа на трките на 100 метри (9,69 секунди), на 200 метри (19,30 секунди) и на штафетата 4 по 100 метри (37,10 секунди). Медалот од штафетата подоцна му беше одземен затоа што беше констатирано дека неговиот тимски колега Неста Картер бил допингуван.