Речиси да нема викенд без дискутабилна ситуација во мечевите од Премиер лигата во кои мора да се интервенира со ВАР-технологијата, при што често се донесуваат спорни одлуки.
За мнозинството фудбалери и тренери во англискиот шампионат, ВАР не одговара на предизвикот и се бараат промени, додека играчот на Челзи смета дека технологијата е добра за фудбалот.
„Не ми е јасно зошто толку се жалат од ВАР. Технологијата е тука да му помогне на фудбалот и искрено сметам дека сите имаме придонеси од тоа. Добро е што имаме ВАР“, вели Жоржињо.
Бразилецот со италијански пасош е задоволен за изведувањето пенали во Челзи, ситуација од која најчесто реализира гол, па можеби и затоа нема забелешки за ВАР.