Во Порто сега е ЛУ-ДИ-ЛО, а што ќе биде ако вечерва победиме (Видео)

Само македонските навивачи може да направат ваква атмосфера како што е сега во Порто.

Фалангата во вистински блесок уште еднаш покажа дека е една од најпосакуваните гостински навивачки групи.

Порто е „окупиран“, а низ градот се слуша македонска музика, навивање, па дури и македонското оро се заигра на анталогиската „Македонско девојче“.

Едноставно, вистинско навивачко лудило е во градот во кој сакаме да биде среќен за Македонија за првпат да се пласира на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести