13.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Во последните три години Манчестер сити почесто играл со Реал отколку со Ливерпул

Реал Мадрид – Манчестер сити се претвора во европска „класика“, речиси и да нема сезона во Лигата на шампионите во која овие два клуба не се сретнале еден со друг.

Нивните меѓусебни дуели особено зачестија во последните три години. Откако ќе го одиграат осминафиналето, тоа ќе бидат дури 9 меѓусебни дуели на овие тимови од 2023 година наваму.

Интересно, во истиот период Сити ќе има играно седум меѓусебни средби со нивниот премиерлигашки ривал Ливерпул, што значи почесто се среќавале со шпанскиот гигант отколку со нивниот англиски ривал, кој им е потенцијален противник и во ФА купот, Лига купот и Лигата на шампионите, освен во Премиер лигата, каде што редовно играат меѓу себе.

Минатата и предминатата сезона Реал го елиминира Сити, но оваа сезона веќе играа меѓу себе во лигашкиот дел и Англичаните победија во Мадрид со 2-1. Сепак, составите на двата тима во однос на тој дуел во декември ќе бидат малку изменети и секој меч ќе биде посебна приказна, а историјата си останува историја.

- Оглас -

Најнови вести