Лионел Меси во колекцијата на неверојатни награди ја додаде и шестата Златна топка оставајќи го Кристијано Роналдо зад себе. Португалецот има пет вакви признанија. Меси синоќа беше прогласен за лауреат, иако многумина веруваа дека оваа година ќе биде Вирџил ван Дајк од Ливерпул. Холанѓанецот ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, а за малку не стигна и до трофејот во Премиер лигата, но и тоа не беше доволно да заврши пред Меси во гласањето.
Меси ја освои Златната топка со 686 гласови, само седум повеќе од Ван Дајк. Тоа е најмала разлика во изборот на „Франс фудбал“ во последните 23 години. Последен пат било понеизвесно во гласањето во 1996 година, кога Матијас Самер од Борусија Дортмунд само за еден бод го победи Бразилецот Роналдо. Тогаш се доделуваа многу помалку поени, а Самер освои 144 поени, пред Роналдо со 143.
Третото место оваа година му припадна на Кристијано Роналдо со 476 поени, а Садио Мане беше четврти со 347 поени. Во Топ 10 од изборот има дури четворица играчи на Ливерпул. Покрај Ван Дајк и Мане, тука се и Мохамед Салах и голманот Алисон.