Барнли – Манчестер јунајтед (20:45 ч.)
Грогираниот англиски гигант Манчестер јунајтед гостува кај тим кој знае да биде незгоден посебно на свој терен. Барнли дома има 5 победи и 4 порази, без ниедно реми. Црвените ѓаволи ќе се обидат да се извадат за срамот од последното гостување кога загубија кај фенерџијата Вотфорд.
Во дуелите со Барнли традицијата е апсолутно на страната на тимот од „Олд Трафорд“ кој има пет победи и четири реми во последните девет меѓусебни средби.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.64)
Њукасл – Евертон (16 ч.)
Њукасл е тим кој на свој терен ретко кој може да го победи, па сезонава има 4 победи, 4 реми и само еден неуспех. Евертон е едно од разочарувањата сезонава, но Карамелите влегоа во серија од четири меча без пораз и веруваат дека таа низа може да ја продолжат и на „Сент Џејмс Парк“.
Може да се очекува интересен меч со погодоци, а предноста сепак е на страната на домаќините.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
Норич – Тотенхем (18:30 ч.)
Ако сака да се бори за висок пласман, Тотенхем никако не смее да си дозволи да киксира на ова гостување. Норич е тим кој е „печен“ да испадне од Премиер лигата, а Жозе Мурињо најчесто со таквите ривали немал проблем да ги освои трите бода.
Со шест порази на свој терен во девет средби, Норич реално не може да очекува ништо повеќе од пораз и од Тотенхем, кој сепак сезонава на туѓ терен не е така убедлив, но често паѓаат многу погодоци.
Предлог тип: 2 (1.73)
Галатасарај – Анталијаспор (18 ч.)
Слаба е сезонава за Галатасарај, бидејќи истанбулскиот гигант веќе заостанува 10 бода во трката за титулата, а тоа е премногу. Слабата реализација во нападот е главен проблем за фаворитот кој сезонава дава нешто повеќе од еден гол на меч.
Анталија е како нарачан ривал, бидејќи тоа е екипа која се бори за опстанок. На пет од последните шест меѓусебни средби, Галатасарај победи па сигурно фаворитот ќе сака да продолжи оваа традиција, но и со победа да ги истрати своите фанови во последниот меч за 2019 година.
Предлог тип: 1 (1.52)
Трабзон – Кајзери (15:30 ч.)
Меч на кој не треба да има дилеми. Трабзон е апсолутен фаворит против последнопласираната екипа во лигата. Кајзери ја има убедливо најслабата одбрана, а домаќините се одлични во нападот, па може да очекуваме и гол шоу, секако во мрежата на гостите.
На последните три меча на овие екипи која Трабзон бил домаќин имало барем по четири погодоци, па покрај „кецот“ очекуваме и нова голеада.
Предлог тип: 1 & 4+ (1.81)