Само уште неколку дена остануваат до стартот на новите возбудувања во Премиер лигата, а челниците на највозбудливото првенство во светот најавија новитет. На друштвената мрежа „Х“ е направен нов профил, на кој ќе има детално објаснување за секоја ВАР-одлука во текот на сезоната која следи.
Овој новитет е реакција по неколкуте ВАР-одлуки од ланската сезона кои предизвикаа многу реакции во јавноста. Новиот профил, наводно, „ќе обезбедува речиси во живо објаснувања и ажурирања за судењето и оперативните работи за секој натпревар“, објаснија од Премиер лигата.
Таму ќе објавува и „фактички објаснувања за судиските одлуки на теренот и учеството на видеосудијата, вклучувајќи ја и улогата на технологијата во процесот на одлучување“, се додава во соопштението.
Welcome to the Premier League Match Centre X account. This page will provide live updates from Stockley Park including information directly from the VAR Hub. We will issue near-live updates on operational matters from all matches – including clarification on refereeing and VAR.
— Premier League Match Centre (@PLMatchCentre) August 13, 2024
Премиер лигата се реши на овој потег откако ФИФА не дозволи ВАР-аудио да се емитува во живо на телевизија. Меч-центарот на Премиер лигата е оперативно седиште на Премиер лигата и е поврзан со сите 20 стадиони и ВАР-центарот.
Новата сезона во Премиер лигата започнува в петок, со дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Фулам.