Во Премиер лигата се случи нокаут каков што немало во УФЦ (Видео)

Брајтон одигра одличен меч и со 3:0 го победи Њукасл на гости. Покрај трите погодоци на гостите, мечот го одбележа непромислениот потег на Ивес Бисума, кој заработи директен црвен картон во 87 минута.

Играчот на Брајтон се обиде на бизарен начин да ја удри топката, но наместо тоа, неговата копачка заврши директно во главата на  домашниот играч Луис. Фудбалерот на Њукасл имаше среќа во несреќа, затоа што крампонот од копачката заврши неколку милиметри над неговото окои заработи скршена аркада, но за среќа остана неповреден на окото.

По прегледување на ситуацијата, судијата му даде црвен картон на гостинскиот фудбалер.

https://streamable.com/y86069

 

- Оглас -

Најнови вести