Судиите во англиската Премиер лига направиле само четири големи греши, објави шефот на арбитрите, Тони Скоулс. Арбитрите од ВАР морале да интервенираат уште во 9 случаи, извести комисијата која ја следи работата на судиите, но генерално грешките се многу помалку од претходните години.
Најголемите грешки се детектирани на четири меча. Во ремито 1:1 помеѓу Борнмут и Њукасл, погрешно беше поништен победничкиот гол на Црешите поради играње со рака. Тука е и пеналот со кој Вест хем го победи Манчестер јунајтед со 2:1, а набргу потоа беше исклучен Ерик тен Хег. Проблематичен е и црвениот картон на Кристијан Норгард од Брентфорд во ремито без голови против Евертон. Неправедно бил поништен гол за Нотингам во победата од 3-2 над Саутхемптон поради субјективен офсајд.
И покрај овие четири грешки, првиот човек на судиите во Англија, Скоулс, е задоволен од тоа како се дели правдата сезонава во Премиер лигата.