Реал е неуништлив, со два гола за две минути се избори за продолженија против Манчестер сити (Видео)

Реал Мадрид е неуништлив и повторно се спаси од сигурна елиминација во Лигата на шампионите и во драматичен финиш со два гола на Родриго го победи Манчестер сити со 2:1 и се избори за продолженија во полуфиналето.

Родриго влезе во игра во 68-мата минута и предизвика невидена еуфорија на „Сантијаго Бернабеу“ со голови за пресврт во 9-тата и во 92-рата минута.

https://twitter.com/FUT22News/status/1521955494138720263?s=20&t=6xuDrz6qtxilTGWR0IpVJw

Сити поведе со голот на Ријад Марез во 73-тата минута и во тој момент имаше вкупна предност од  5:3.

Но, Реал и третпат по ред приреди чудо како на реваншите со ПСЖ и со Челзи кога беше на работ на елиминација, но се извлече.

Вечерва се изборија за продолженија од двапати по 15 минути, а ако нема промени, ќе се шутираат пенали за финале против Ливерпул на 28 мај во Париз.

Манчестер сити беше на прагот на второ финале по ред, откако лани загуби од Челзи со 0:1 на „Драгао“ во Порто.

Ливерпул вчера со победа од 3:2 во Шпанија против Вилјареал си обезбеди тикет за финалето со вкупна победа од 5:2.

Реал има рекордни 13 пехари во ЛШ, Ливерпул има 6 европски круни, колку и Баерн Минхен, и има шанса со триумф во Париз да се израмни со Милан на второто место на вечната листа.

Манчестер сити лани за првпат играше финале во Лигата на шампионите и загуби од Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести