Марез со одличен гол го нокаутира Реал и најави англиско финале во ЛШ (Видео)

Ријад Марез е стрелец на првиот гол во Мадрид и Манчестер сити води со 1:0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите и е многу блиску до второ финале по ред.

Алжирецот ја круниса одличната акција на гостите со прекрасен гол и на 20-тина минути до крајот, Сити има предност од 5:3 во вкупен резултат.

https://twitter.com/MessiMX30ii/status/1521950759289597955?s=20&t=6xuDrz6qtxilTGWR0IpVJw

Ливерпул веќе е финалист, а ако Сити успее да ја задржи предноста, односно да не загуби, пак ќе има англиско финале, како и лани, кога Челзи го победи Манчестер сити со 1:0 на „Драгао“ во Порто.

- Оглас -

Најнови вести