Во Премиерлигата се преживува и со дебакл од 0:9

Саутемптон го доживеа највисокиот пораз на домашен терен во историјата на Премиерлигата, но и катастрофата од 0:9 против Лестер нема да доведе до смена на тренерот.

Австриецот според информации од клубот има поддршка во Саутемптон и ќе продолжи да го води тимот. Популарните „светци“ ако се предомислат и го сменат менаџерот што пристигна лани на кормилар на клубот, би ја направиле и петтата смена на тренер во последните две години.

Тоа е податок што му оди на рака на Хазенхутл, а ќе мора да покаже дека тимот експресно може да се врати на нормален колосек на следните два дуели против англискиот шампион Манчестер сити.

Саутемптон двапати по ред ќе биде гостин во Манчестер на „Етихад“, најпрво на 29. октомври во меч од ЕФЛ купот, а потоа и на втори ноември на дуел од 11. коло во Премиерлигата.

Лестер вчеравечер го декласира Саутемптон со 9:0 што е највисока победа на гостински тим во историјата на Премиерлигата и израмнување на рекордот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести