Гол-шоуто на Варди и Перес влезе во историјата на Премиер лигата

Најатрактивната фудбалска лига во Европа, а многу веројатно и во светот, вечерва посведочи на нешто невидено досега. Лестер сити славеше на гостуањето кај Саутхемптон со огромни 9-0па оваа победа ќе се запише како најголема во историјата на Премиер лигата остварена од гостински тим.

Одличните Лисици продолжуваат со импресивните игри оваа сезона, а нивниот триумф воедно ќе биде запишан како втор најголем во ова натпреварување, со идентичен резултат славеше и Манчестер јунајтед против Ипсвич во март 1995 година.

Во гол-шоуто на „Сент Мери“, хет-трик запишаа Џејми Варди и Ајозе Перес. Англискиот голгетер сега е лидер на листата стрелци со девет погодоци, пред Агуеро и Абрахам, додека Шпанецот и вториот хет-трик во кариерата откако игра во Англија го оствари токму против Свеците. За конечни 9-0 погодија уште Чилвел, Тилеманс и Медисон.

- Оглас -

Најнови вести