Во прво полувреме му се вклопија коцките и си ќари над 100.000 денари

Доказ дека и со малку одиграни мечеви може да се стигне до добра добивка, се трите тикети уплатени викендов во Sport Life.

Верувајќи дека уште во првото полувреме ќе има голови на мечевите кои ги одбрал, обложувач кој уплатил во Sport Life во Штип си заработи 106.064 денари. Играта гол-гол во прво полувреме се покажа како добитна комбинација за мечевите Манчестер јунајтед – Ливерпул, Атлетико Мадрид – Валенсија, Феенорд – АЗ Алкмар и Лацио – Сасуоло.

Сите четири средби уплатени на тикетот за 280 денари на полувремето беа 1:1, со што е погодена играта ГГ прво полувреме. Тоа што е уште поинтересно, на сите четири средби головите паѓаа во раната фаза од мечот.

На дербито на „Олд Трафорд“ веќе во 26-тата минута беше 1:1, во Мадрид двете екипи дадоа по еден гол до 23-тата минута, а на Лацио – Сасуоло веќе во 25-тата минута беше 1:1. Само на средбата во Холандија се чекаше малку повеќе од половина час да се игра за да биде 1:1, па тикетот вреден 106.064 денари е добитен!

УСПЕА ДА ГО НАСЕТИ ПРЕСВРТОТ „ДВА ВО ЕДЕН“ КОЈ ИМАШЕ КОЕФИЦИЕНТ 43

Играч од Скопје со уплата во Хром за четири одиграни пара, со 100 денари има добивка од 70.589 денари. Овој обложувач херојски го погодил пресвртот во Хрватска меѓу Истра и Славен Белупо. Гостите на полувремето водеа со 1:0, но Истра со два погодока во вториот дел направи целосен пресврт за „два во еден“.

Коефициентот за ваков пресврт во Sport Life беше дури 43, па тоа драстично ја зголеми добивката на овој обложувач кој на тикетот ги има погодено и „кецот“ на Манчестер јунајтед против Ливерпул (3:2), победата на Лацио против Сасуоло (2:1), како и Х-1 на дуелот од шпанското првенство Атлетико Мадрид – Валенсија. На полувреме беше 1:1, а Атлетико на крајот победи со 3:1.

ВО ГОСТИВАР СЕ МАХЕРИТЕ

Речиси и да нема викенд во кој нема одличен тикет направен во Гостивар. Овојпат се работи за ливче од шест средби на кои со 30 вложени денари, добивката е 58.323 денари. Пет од шесте пара се одиграни на ист начин, а тоа е 1Х&2+I (домаќинот да не го загуби мечот, а до полувремето да има барем два постигнати погодоци), а само на Сент Етјен – Лион знакот е Х2&2+ I.

Лион без никакви проблеми славеше со 5:0, Рода со 2:1 го победи Јонг Утрехт (полувреме 1:1), додека ПАОК одигра доволни 2:2 (1:1) во дербито со АЕК. Стандард без мака ја победи Шарлроа со 3:2, а на овој тикет добитни се и Манчестер ј. – Ливерпул и Лацио – Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести