Реал Мадрид не ја започна сезоната како што посакува и по првите четири кола, двапати одигра нерешено, па веќе заостанува четири бода зад најголемиот ривал Барселона. Како една од причините за лошите резултати се потенцира и слабата форма на Винисиус јуниор.
Бразилецот кој во претходните сезони беше лидер на теренот, сега постигна само еден гол во првите четири кола. Според мадриѓаните, има две причини за ваквиот лош биланс на Винисиус.
Првата е тоа што изминатиов период Винисиус беше цел на евентуален трансфер во Саудиска Арабија. Се шпекулираше дека Ал-Ахли е подготвен да му понуди неверојатни 350 милиони евра за сезона и токму оваа понуда го „разниша“ Бразилецот, кој сепак реши да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Освен понудата од Саудиска Арабија, Винисиус периодов многу ги налути сите во Шпанија откако изјави дека на земјата треба да ѝ се одземе домаќинството на Светското првенство во 2030 година поради расизмот кој е зачестен на трибините од стадионите.
Винисиус има договор со Реал Мадрид до јуни 2027 година.