Во САД: Млад кошаркар убиен пред очите на мајка му и тоа додека одел во училиште

Голема трагедија се случи во САД, поточно во Филаделфија, каде е убиен младиот талентиран кошаркар Ноа Скири. Тинејџерот кој имаше само 17 години бил ѕвезда во средношколскиот тим на училиштето Самуел Фелс, а е убиен токму додека одел па патот од дома кон школото.

Немилиот настан се случил непосредно пред куќата на тинејџерот, а во кобниот момент Ноа бил со својата мајка, која била сведок на трагедијата во која остана без синот.

Неофицијални извори на Фокс велат дека пред убиството имало снимање на музички спот за рап песна, каде тинејџерот со Џокер маска на лицето, држел пиштол во раце. На видеото имало и друга личност која била до Ноа и истотака имала пиштол во рацете, додека играле заедно.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во 7 часот наутро, а биле испукани 20 куршуми. Освен што бил добар кошаркар, Ноа Скири бил и одличен ученик.

 

- Оглас -

Најнови вести