Во Саудиска Арабија изгледа ќе има нов шампион

Ал-Итихад кој пред две сезони беше првак на Саудиска Арабија, е блиску до освојување на титула и оваа сезона.

Вечерва тимот на тренерот Лоран Блан за кој играат Бензема, Канте, Фабињо, Диаби, Ауар, Данило Переира, го победи Ал-Етифак со 3-2 и на пет кола до крај има шест бода пред актуелниот првак Ал-Хилал.

Во следното коло Бензема и другарите играат со Ал-Наср на Кристијано Роналдо, и ако освојат три бода и на тој меч на 7-ми мај, тешко дека ќе бидат спречени на патот до титулата.

- Оглас -

Најнови вести