Во Серија А ова се чекаше 110 години, викендов ќе се испише историја

Неделниот меч од осмото коло во италијанската Серија А меѓу Сасуоло и Салернитана ќе биде посебен. Тоа е дуелот на кој за првпат во 110 години постоење на елитното италијанско фудбалско друштво еден меч ќе го суди жена.

Овој историски момент ѝ припадна на Марија Соле Ферари Капути, која ќе биде главна на неделниот меч на стадионот „Мапеи“.

Марија Соле Ферари Капути има 32 години, а досега има искуство во женската Серија А, има 23 меча во Серија Ц, а трипати била главна на дуели од Серија Б. Еднаш судела и на натпревар во Италијанскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести